Don't Miss
Home / Политика / Заев: Доколку со доказите не јa срушиме власта на Груевски, поднесуваме оставки јас и раководството

Заев: Доколку со доказите не јa срушиме власта на Груевски, поднесуваме оставки јас и раководството

На вечерашната трибина прва од шеснаесетте кои ќе се одржат во градовите низ Република Македонија, лидерот на СДСМ и на Здружената опозиција Зоран Заев ја доби поддршката од присутните, пратениците од опозицијата да не се враќаат во Парламентот.

Заев повторно ги повтори барањата да седне на преговарачката маса, само доколку власта се согласи да се разговара за петте теми. Иако, не понуди конкретни докази, сепак Заев во негов стил нагласи дека СДСМ поседува докази после кои откако ќе ги презентира во јавноста, Груевски ќе мора во рок од три дена да поднесе оставка а Македонија да се срами од доказите коишто како што рече тој се сензитивни и допираат до меѓуетничките односи.
-Мојата верба во тие докази е толку голема, толку силна, што го ставам во залог својот политички кредибилитет и кредибилитетот на целото раководство на партијата. Ако не успееме политички не заслужувме да ја водиме опозицијата. Е толку е силна вербата во доказите и аргументите што ги поседувааме, нагласи вечерва во Битола, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*