Home / Uncategorized / Заев очекува ослободителна пресуда за “Поткуп“

Заев очекува ослободителна пресуда за “Поткуп“

Ме местеа за ги спречат бомбите“, рече премиерот Зоран Заев, кој е обвинет за случајот „Поткуп“, по денешното судско рочиште. Тој рече дека, најверојатно, станува збор за пазарање со одредени политички структури за да биде спречено објавувањето на бомбите. Кога судијата Дарко Тодорвски соопшти дека Апелациониот суд во Скопје ја прифатил жалбата на Обвинителството, видеоснимката од кабинетот на Заев да биде пуштена во судницата без присуство на новинарите, премиерот рече дека ќе бараат начин исечените делови од видеото да ги пуштат во јавноста.

„Мене ми е мило што судот ќе ги има предвид комплетните докази и убеден сум дека предметот треба да финишира, секако судот ќе се изјасни за тие работи. Апсолутно ми е мило што низ судска постапка го разобличивме целиот предмет, буквално како што реков, го отворивме како пупка“, изјави Заев. Тој очекува ослободителна пресуда за случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*