Don't Miss
Home / Uncategorized / Заменикот амбасадор на Германија во посета на Битола

Заменикот амбасадор на Германија во посета на Битола

  • Во прва работна посета на Општина Битола престојуваше заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјава, Ото Граф, при тоа остварувајќи средба со градоначалничката Наташа Петровска.На средбата, градоначалничката Петровска го запозна вискиот претставник на германската абасада со големиот број проекти кои во Битола се реализираат со учесници од Германија, но и со германска помош. Во општината, неодамна престојуваше вработена од општинската администрација од градот Бон, на практикантска обука. Тука е и заедничкиот проект со средното Техничко училиште,во моментов се одржува летен младински камп во кој учествуваат деца од Германија, како и за работата на фабрката Кромберг и Шуберт. Заменик амбасадорот Граф, особено покажа интерес за заштитата на културното наследство со кое располага Битола, за начинот и проблемите со кои се соочува македонското образование, како и за помошта која што општината ја добива од централната власт. Можностите кои посебно ги нуди Пелистер во однос на алтернативниот туризам, се интересни за германските туристи, чиј број постојано расте, особено во летнитемесеци. На оваа средба, соговорниците констатираа дека постои можност за уштепоголема соработка на повеќе полиња, особено на економски план. Заменик амбасадорот ги посети Германските гробишта, кои сведочат за големиот број германски воници кои загинаа на оваа територија во Првата светска војна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*