Во Битола повторно се јавија “пироманите “ .
Денеска ,рано утрово, во еден часот по полноќ во битолската полиција е регистриран случај на опожарено возило во Нова Битола. Станува збор за автомобил марка „ауди А 4”, кое според полицијата не било во возна состојба, туку извесно време било паркирано на оваа улица.
Детали за тоа дали е намерно запалено, имаат ли индиции кои биле мотивите, засега нема и велат дека полицијата работи на расветлување на случајот.
Б.В