Завчера околу 02.30 часот во Битола на ул.„Борка Талевски Модерното“, непознат сторител фрлил стаклено шише со запалива течност при што настанал пожар на автомобил „мерцедес Ц220“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Ш. (38) од Битола.
Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а опожарен бил предниот браник.
Увид е извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.