Home / Uncategorized / Запалени две патнички возила во Битола

Запалени две патнички возила во Битола

По извесна пауза, во Битола повторно пироманите стапија на сцена.
Рано изутрина, околу три часот и 40 минути, на улицата “Тошо Даскало“ кај месноста викана “Областа“, засега непознати сторители опожариле две патнички возила марка “тојота корола“ и “бмв“.

pozar 2  pozar 3
Според информациите од СВР- Битола кои го потврдија случајот, најпрвин, било опожарено возилото марка “тојота корола“ а од пожарот што се прошири било зафатено и возилото “бмв“.
Полицијата работи на откривање на сторителите.
Инаку, иако засега не се познати ниту причините за опожарувањето на возилата, сепак, од неофицијални извори, дознаваме дека сопственикот на возилото марка “тојота корола“ кој е и активист на СДСМ, последните денови добивал анонимни закани дека нешто ќе му се случи.
Од СДСМ засега не излегуваат во јавноста со информација дали палењето на возилото има политички димензии?

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*