Don't Miss
Home / Uncategorized / Заврши проектот “ Кугламе и среќни сме“

Заврши проектот “ Кугламе и среќни сме“

Синоќа се одржа завршницата од проектот „Кугламе и сме среќни“ во
кугларницата во Спортската сала „Боро Чурлевски“. Пред голем број љубители
на овој спорт, кои едвај ги собра во кугларницата, се натпреваруваа осум
екипи, кои беа предводени од јавни личности и лица кои го потпомогнаа
куглањето во Битола.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска беше
предводник на еден од тимовите на младите куглари, ентузијасти. Иако
натпреварот имаше ревијален карактер, победи екипата предводена од
градоначалничката Наташа Петровска, која даде голем придонес за освојување
на првото место, на радост на учесниците во екипата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*