Don't Miss
Home / Градска хроника / Завршна конференција на проектот „Жива историја, жива природа” на Новаци и Алмопиа во Грција

Завршна конференција на проектот „Жива историја, жива природа” на Новаци и Алмопиа во Грција

На конференција на која се презентираа сите постигнати резултати се означи крајот на имплементацијата на заедничкииот проект со наслов „ Жива историја, жива природа” на прекуграничните партнер општини Новаци и Алмопиа.

Настанот се организираше во Лутраки, Грција на која присуствуваа сите вклучени во имплеметацијата на овој проект кој е дел од ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија Грција 2007-2013.

Проектот се имплементираше 18 месеци во Новаци, додека грчките партнери побараа продолжување на активностите и истиот кај нив се имплементира 22 месеци.

11094673_1050897514938032_5011729067853998085_n

На презентацијата детално беше презентирана уметничката програма која беше заедничка активност на двете општини а со која беа создадени околу 40-тина уметнички дела кои се дигитализирани и се достапни на два различни веб портали.
Општина Новаци ги презентираше сите свои постигнувања со посебен осврт на реконструкцијата на трите објекти во Мариово: цркавата Св.Димитрија во с. Градешница, мостот и воденицата во с. Зовиќ и куќата на Калеш Анѓа во с. Старавина. Исто така поставени се 36 знаци и патокази и 5сета клупи на различни локации. Обележани се три патеки: патека на историјата, патека на природата и комбинирана –патека која е преплетување на двете претходни.Рутите на овие патеки како и мноштво информации и експертски извештаи можат да се најдат на веб страницата www.novаci.mk

Дигиталната изложба може да ја посетите на следниот линк www.gaussinstitute.org/lhln.

Исто така снимени се 5 тв емисии и испечатени се 6 весници за активностите во текот на имплементацијата на проектот.
Проектот „Жива историја, жива природа” ќе има има и втора фаза која заедно со грчкиот партнер ќе се имплементира 15 месеци.

Со продолжението ќе се продолжи со реконструкција на црквата Св.Димитрија во Градешница, ќе се деминира дел од Мариово и ќе се реконструира рекреативниот парк на река Коњарка, Скочивир.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*