Земјотрес со интензитет од 3 степени е регистриран денеска во 12 часот и 44 минути во скопското епицентрално подрачје, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.Епицентар на земјотресот се наоѓа на 5 километри западно од централното подрачје на град Скопје.
Потресот е почувствуван од граѓаните на Скопје, претежно на западниот дел од градот.