Министерката за труд и социјала не ја кажува вистината околу решението за смена во врвот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митрески вака го демантира вчерашното соопштение на министерката Мила Царовска.
Првиот синдикалец и натаму бара оставка од Царовска бидејки таа според него, симнувајќи го од синдикалниот трон на кој седи цели 7 години, ја злоупотребила својата положба и овластување. Митровски и порача на министерката да не се меша во автономијата на гранските синдикати. Решението за негова смена е неважечко, тврди тој.
Но надлежното министерство тврди дека обвинувањата изнесени од Живко Митрески се неаргументирани. Осносно дека институцијата не се меша во слободата на синдикално организирање, туку постапува според законите на Македонија.
Во синдикалната организација на Македонија подолго време има длабок судир меѓу две струи, блиски до главните политички соперници. За раководното место се борат и двете фракции. Пред извесен период актуелниот лидер Митрески исклучи дел од синдикатите кои јавно го критикуваа за блискост со претходната власт.
Но, за сето време на напнатост во организацијата ретко се слушаа заложби за унапредување на правата на работниците во Македонија, чии услови за работа и плати се меѓу најлошите во Европа.