Home / Колумни / Зимско – летни приказни со народни пари

Зимско – летни приказни со народни пари

               

        По барање на опозицијата, или новото мнозинство во Советот на Битола, деновиве од страна на Општината и беа презентирани податоците за издвојувањата на локалната самоуправа за културните настани кои се одржаа во Битола во периодот од 1.01.2022 до 22 .08.2023 година.

        Според Извештајот на локалната самоуправа Битола за културните настани  од својот буџет издвоила вкупно  ни помалку ни повеќе туку  вкупно 14.125.778,00 ден 313.829,00 ден 14.439.607,00 ден. или над 230.000 евра.

        Во објаснувањето за  вака потрошените пари, од страна на локалната самоуправа изјавија:

-Во последно време културата во нашиот град се сатанизира преку разни преписки, обвинувања, па и предупредувања дека „културата е една од најкриминогените области во кои Коњановски и ДПМНЕ вршат вистински грабеж на парите на битолчани. Дел од написите во порталите и одредени партиски соопштенија, во себе содржеа и невистини, кои не само што удираат по угледот на општината, туку претставуваат директна навреда кон градоначалникот. Програмата за култура на општина Битола за 2023 година, беше изгласана во Советот на општина Битола во вредност од 14.800.000 денари.

За прв пат, минатата година, на најтранспарентен начин, општина Битола објави јавен повик, на кој се доставуваа предлог проекти за активности од областа на културата за 2023 година. Доставените апликации беа основа за креирање на Програмата за култура и планирањето на буџетот. Понатаму, во транспарентна и отворена постапка, со соодветна документација, се избираа изведувачите, од кои најголем дел се домашни. Комисијата за избор и доделување на средствата содржеше и надворешни членови, културни работници, експерти во својата област.  Токму ваквиот пристап, донесе и потреба од промени во планирањето на буџетот. Но, за овој јавен повик, како и за ваквиот начин на транспарентност и давање можност за издигнување на Програмата за култура на едно повисоко ниво, немаше поддршка од страна на советниците од опозицијата.

-Настојувајќи да  дадеме повеќе култура, како чин на љубов кон своите сограѓани, а не доминација преку (не)цивилизираните постапки, создадовме програма за култура, која одговара на критериумите на жителите на градот под Пелистер, кои отсекогаш биле мерило за познавање на културата и нејзиното вреднување, се вели во соопштението на локалната самоуправа.

И што би рекол Цацко толку!

Кога станува збор за културата таа е работа на вкусови.

А кога се работи за вкусови тогаш вреднувањето на културата  зависи во најголем дел кој како ја чувствува.

Познато е во историјата кога еден добар број од културните работници додека твореле биле предмет на критики, сатанизирања,исмејувања, понижувања…и кои најголемиот дел од својот живот  го проживеале во беда и сиромаштија.

Значаен број од културните работници и уметници својата слава ја доживеале откако починале и заминале на оној свет.

И тука нема ништо ни спорно, ни нејасно.

И уште нешто. Кога станува збор за културата во таа област  речиси никогаш немало доволно пари.

Битола како град  бил и останува да биде град на културата, во која работаат и творат  голем број културни работници и творци.

Најголемиот број од нив со  своите докажани квалитети се афирмирале себеси, но ја афирмирале и Битола.

И затоа добро е што локалната самоуправа и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски не кријат дека додека е  оваа локална самоуправа  стално ќе ја поддржуваат културата во Битола и битолските културни работници и дека од буџетот на Општината ќе издвојуваат  заначајни финансиски средства.

Оттаму ваквата нивна определба ја имаат целата моја поддршка.

Но правејки анализа на тоа како се трошени парите на Општината во изминатите месеци, а особено за “Зимската приказна”повеќе од јасно е дека при распределбата на средствата за некои културни настани и особено #културни уметници #  средствата на  Општината во најмала рака се злоупотребувани и во најмала рака доделувани на блиски луѓе од партијата и некои привилегирани лица и здруженија, кои откако е оваа локална власт се постојано добиваат значајни финансиски средства.

Иако локалната самоуправа вели дека средствата за распределба на парите за култрата ги распределила стручна комисија, составена од културни работници и надворешни експерти, сепак ако  внимателно се  (про)анализира  списокот за тоа кои поединци, групи или здруженија добиле најмногу пари повеќе од јасно е дека не може да се рече дека Комисијата била премногу стручна, а експертите некои големи “експерти”

Напротив станува збор за партиски луѓе кои при распределбата на средствата се однесувале како лаици и строго воделе сметка за распределбата на парите, или пак беспоговорно ги спроведувале наредбите на повисоките локални власти.

Дека тоа е така најдобра потврда е што според Извештајот таа # стручна комисија #  за огромни суми на пари ја промашиле “програмата “  и која не предвидела пари за озвучување и осветлување, ни дека ќе се прави “Зимска приказна”, која толку долгу време  бомбастично беше најавувана, а токму за истите се исплатени најмногу пари.

Таков гаф не може да си дозволи ни најголемиот лаик, кој барем еднаш во животот организирал некој културен настан.

        Од увидот во списокот на распределените пари јасно се гледа дека најголемиот дел од средставата и најголемите износи ги добиваат #познати # луѓе кои не само што се блиски до власта, туку се и членови на партијата на власт.

        Иронијата да биде поголема  има членови во Комисијата кои  одлучуваат со колку пари ќе ги субвенционираат и своите проекти.

Иако секоја споредба на вредностите на уметниците е беспредметна сепак повеќе од јасно е дека при распределбата на парите Комисијата  некои уметници  и проекти ги преценила и скапо ги платила, а некои не  само што се омаловажени, туку потценети и навредени.

Тоа што најмногу паѓа в очи е што на  некои  поеинци, групи или невладини Здруженија им се доделувани големи пари за некои т.н. #хуманитарни #  настапи и #концерти # организирани во чест на покојни уметници или културни работници.

Да биди се сомнително од средствата за култура давани се  огромни пари за #измислени проекти # на  фирми кои веднаш по добивањето на парите биле ликвидирани и згаснати.     

Токму затоа добро е што  списокот за распределбата на средствата ја виде светлината на денот, но за некои исплати  потребна е друга анализа,  која покрај моралната ќе ја утврди и другата одговорност на тие кои  ја злоупотребиле својата доверба  при распределбата  на  парите на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*