“ЗК Пелагонија“ и уште неколку сестрински фирми на оваа компанија, од денеска се нови сопственици на ФК Пелистер.
Според извори на порталот на “Битолски весник“, сите формалности околу преземањето на Клубот од фирмата “Цермат“ се завршени и “ЗК Пелагонија“ и официјално е нов сопственик на Клубот.
Покрај “ЗК Пелагонија“, Клубот ќе го финансираат и фирмите “Лозар Пелистерка“, “Жито Битола“, и “Здравје Радово“, но, доминантниот пакет акции е во сопственост на “ЗК Пелагонија“.
Се очекува, договорот за преземање на акциите за ФК Пелистер од фирмата “Цермат“ утре да биде реализирано и на македонската берза.
Б.В.