Don't Miss
Home / Спорт / Златен медал за битолчанката Теона Манго на државниот натпревар во Сноубординг-Велеслалом во Маврово

Златен медал за битолчанката Теона Манго на државниот натпревар во Сноубординг-Велеслалом во Маврово

Вчера, во Маврово, се одржа Државниот натпревар во Сноубординг-Велеслалом за деца и јуниори на кој зедоа учество 40тина учесници од Република Македонија.

Златниот медал во категоријата за јуниорки од 16 до 18 години го освои битолчанката Теона Манго (16год) член на Сонуборд клубот “Полар“ од Скопје, за кој настапува седум години.

teona

   Теона Манго освои златен медал

 

Ова е втор медал за Теона, после освојувањето на сребро за освоено второ место во истата дисциплина на Државниот натпревар пред две години.

11005966_10152804796258106_1621421127_n     11075777_10152804773398106_1330897076_n

После медалите за битолските скијачи на државниот натпревар во скијање, оваа награда за сноубординг е ретка за Битола, со оглед на тоа што, иако Пелистер го имаме на дофат нема посериозни услови за професионално занимавање со белите спортови.
Од тие причини Теона Манго тренира за скопски сноуборд клуб.

 

 

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*