Don't Miss
Home / Култура / „Злосторство и казна“ нова премиера на Битолскиот Народен театар

„Злосторство и казна“ нова премиера на Битолскиот Народен театар

Едно од најкомплексните дела на Достоевски, “Злосторство и казна“, адаптирано и режирано од Диего Де Бреа, ќе биде премиерно изведено на сцената на Битолскиот Народен театар в сабота, на 28 мај.

Де Бреа по вторпат режира во Битола, а претставата е подготвена во краток, но многу динамичен период од помалку од два месеци.

-Текстот повеќе се занимава со тоа што му значи на човекот да се носи со проблемот, да живее со тоа и како да се дојде до катарзична состојба на чистење, а тоа значи да си признаеш самиот на себе и кога чисто тоа излегува од тебе- вели  режисерот Диего Де Бреа.

Во претставата играат Огнен Дранговски, Марија Стефановска, Катерина Аневска, Валентина Грамосли, Марјан Ѓорѓиевски, Иван Јерчиќ, Александар Стефановски и Никола Пројчевски.

Уметничкиот директор Благој Мицевски, кој е и костимограф на претставата, најави дека „Злосторство и казна” ќе биде прикажана и надвор од земјава.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*