Судењето за случајот „Рекет“, кое беше закажано за денеска, се одложува на барање на одбраната на обвинетата Катица Јанеца.
Адвокатите Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска во барањето за одложување до судот навеле дека Јанева има хронична болест и затоа според препораките на Владата треба да остане дома.
За денеска беше предвидено на судењето да сведочат обвинителите од тимот на СЈО, кои ги предложи Јанева.
Поранешната шефица на СЈО е во домашен притвор, а првообвинетиот Бојан Јовановски е во притвор во истражниот затвор „Скопје“.
 Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
				 
 
		
 
											 
											