Home / Uncategorized / Почина Христо Ѓоргиевски-Спанаќот

Почина Христо Ѓоргиевски-Спанаќот

По кусо боледување почина Христо Ѓоргиевски-Спанаќот.

hristo

Според информации на порталот на Битолски весник, Христо Спанаќот починал деновиве  во  Битола, откако претходно  бил повреден во главата во Скопје.

Имено Спанаќот минатата недела  отпатувал во Скопје со возот да учествува на протестите.

Со себе во Скопје го носел и својот велосипед од кој во последnо време не се одделувал. Притоа некој со автомобил го удрил по што Спанаќот  паднал и со главата удрил на еден од ивичњаците од тротоарот. Веднаш бил згрижен и однесен во една од скопските болници, каде му била констатирана повреда на главата.

Иако лекарите му препорачале да мирува тој на своја  рака ја напуштил болницата и  се вратил назад во Битола.

Наредниот ден него состојбата му се влошила. Сите настојувања на лекарите од Клиничката болница во Битола да го спасат биле залудни.

Христо Спанаќот е закопан во Буковските гробишта, а на неговото последно испраќање присуствувале само неколкумина битолчани.

Инаку Христо Спанаќот  битолчани го знаат како човек кој учествуваше  речиси на сите редовни, или предвремени локални, или парламентарни избори, како и на  изборите  за градоначалник на Битола.

Својата политичка битка за стекнување со политичка функција Спанаќот ја прекина откако пред неколку години  беше хоспитализиран во душевната болница во Демир Хисар, каде што  се лекуваше подолг период.

Неодамна тој ја напушти Душевната болница во Демир Хисар и го живееше својот вообичаен начин на живот.

Тој  деновиве ја најави својата кандидатура и за престојните предвремени парламентарни избори, кои  се закажани за 5 јуни.

Спанаќот беше еден од  познатите битолски фаци, кој остави одреден белег со начинот на водење на политичката битка, како и со своите афоризми и хуморески.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*