Home / Колумни / Првиот буквар на битолчани

Првиот буквар на битолчани

                    

Битолски весник, в сабота на 27 април во Офицерскиот дом свечено ќе  го прослави својот редок   јубилеј, 60 години од излегувањето на првиот број.

 Пред точно 60 години, на 29 април,  во далечната 1964 година, во предвечерјето на Празникот на трудот, 1 Мај,  излезе првиот број на Битолски весник.

          По повеќе неуспешни обиди да се издаде  градски весник, група ентузијасти и вљубеници во пишаниот збор на 29 април 1964 година го издадоа првиот број на Битолски весник.

           Во предвечерието на големиот јубилеј, чија свеченост, поради изборите  ќе се одржи,  в сабота, на 27 април, во Офицерскиот дом, треба да се спомене дека Битолски весник е формиран по иницијатива на тогашниот секретар на ОК ССРН, Иван Гиновски, а првата редакција на Весникот ја сочинуваа Владо Ласковски дир. гл. и одг уредник, кој на ова место дојде од #Студентски збор#, потоа Голуб Чакулевски, новинар на #Борба#,  Ристо Невеновски, новинар на Радио Битола,  Димитар Димитровски -Такец, новинар на #Нова Македонија#, Доне Пановски, Кирил Георгиевски, како фоторепортер и Цветанка Георгиевска, сметководител.

          Во  подготовката  на првиот број на Весникот учествуваа уште и д-р Душан Константинов, Владимир Костов, Лазо Каровски, Спиро Мачески, М. Николовски, фоторепортерот Кирил Георгиевски, а прв лектор на Весникот беше Гордана Стаматова.

          Во оваа свечена прилика  треба да го спомнеме и првиот Издавачки совет на Битолски весник. Него го сочинуваа: Мишко Василевски, како претседател, Владимир Точко, Тоде Ѓоревски, Славка Бундалевска, Димитар Грданов, Илија Малевски и Владо Лас-ковски, како директор, главен и одго-ворен уредник.

          Битолски весник е без сомнение не само единствениот локален весник во  Република Македонија којшто успешно опстојува во медиумскиот простор на печатените медиуми во Македонија цели 60 години, туку е и единствениот весник во државата којшто за период од 60 години редовно излегувал и немал ниту еден прекин во печатењето. За разлика од останатите локални печатени медиуми, кои, за жал, не преживеаја на македонскиот медиумски простор и поради недостигот на финансиски средства за нормално излегување одамна  згаснаа,  Битолски весник е единствениот весник во Република Македонија којшто успешно опстојува  досега и за среќа на илјадници свои читатели не ја доживеа судбината на останатите печатени локални медиуми.

          Само за илустрација да наведеме дека поради недостиг на средства  веќе неколку години не излегуваат ло-калните весници со долгогодишна тра­диција: #Народен глас# од Прилеп, #Наш весник# -Куманово, #Полог# – Те­­тово, #Вардарски глас# – Велес, #Прес­пански весник#- Ресен, #Езерски глас# – Охрид, #Штипски весник# -Штип, #Актуелност# – Кочани…

          Тешките пазарни услови на стопанисување, особено во печатениот медиумски простор во изминатите години не го преживеаја и неделнците #Млад борец#, #Студентски збор#, #Дело#, #Старт#, #Зум#, #Национал#, #Пулс#, #Екран#, #Остен#, #Скок#, #Република#, #Жена#, Форум,  Сега, Неделно време, како и дневните весници: Република,  Дневник, Утрински весник, Вест, Време,Шпиц. Независен, 

          И покрај тоа што како и останатите печатени медиуми во Македо-нија и Битолски весник во своето опстојување се среќавал со огромни финансиски тешкотии и  беше  со децении  ветрометините на пазарната економија сам да се грижи за својот опстанок, без никаква буџетска помош, сепак овој весник  во сите овие 60 години ниту еднаш не престанал со излегување и печатење.

          Денес Битолски весник е без сомнение еден од најзначајните печатени медиум не само во Битола, туку и во државата, којшто одамна ги надминал локалните рамки.

          Битолски весник цели 60 години е вистински хроничар не само за настаните од Битола и Регионот, туку тој има и непроценливо големо влијание и за информирањето на нашите иселеници во странство, особено во европските и прекуокеанските земји.

          Во  Битолски весник во изминати-те 60 години свој ангажман  имале голем број новинарски пера, бројни писатели, поети, рецензенти, критичари, колумнисти, сатиричари, карикатуристи, познати не само на битолскиот медиумски простор, туку и пошироко.                                    

          Иако како и останатите печатени медиуми во државата, така и Битолски весник беше формиран како Орган на ССРНМ, сепак, во изминатиот период Весникот имаше  низа трансформации. Се до 1990 година Битолски весник  беше речиси 100 отсто финансиран од буџетот на Општината Битола. Подоцна за неговото излегување се грижеа самоуправните интересни заедници, за по  осамостојувањето на Македонија и доаѓањето на плурализмот на македонската политичка сцена за финансирањето на весникот да се грижи најпрво Министерството за информации, а подоцна Агенцијата за информации на Република Македонија, која во значителен дел ги покриваше трошоците на весникот.

          Од  2000 година Битолски весник   е препуштен  икслучиво  на самофинансирање и на пазарните услови на стопанисување, оставен сам да се грижи за својата судбина.

          И покрај исклучително тешките услови за нормално излегување на Весникот, денес Битолски весник е респектабилен печатен  локален и регионален весник. Тој редовно се печати на 16 страници, но излегува повремено и на зголемен број страници. Рекорд на Весникот е излегувањето на 100 ст-раници во 2003 година  по повод 100 -годишнината од Илинденското востание.

          Денес речиси нема институција во Битола која не добива Битолски весник. Тој се пласира во сите битолски фирми, акционерски друштва, установи, културни и јавни институции, поединци, трговски друштва и во речиси  сите значајни  големи компании и  државни институции во Републиката.

          Без нивната континуирана  поддршка во сите овие 60 години кои  ни помагаа и тогаш кога и ним им беше тешко и   им требаше помош, Битолски весник немаше да остани и опстани.

           Битолски весник  во изминати 60 години  покрај тоа што  грижел за својата судбина се афирмирал и како издавач на многубројни  други весници, ракописи и книги.

          Во својата  долга и бурна историја Битолски весник беше иницијатор и реализатор на излегувањето на фаб-ричките весници во РЕК #Битола#, #Иднина#, #Транскоп#, #Битолатекс#, ЗИК #Пелагонија#, #Раде Кончар#, #Јавор#, #Графичар#, #Занаетчија#.

          Битолски весник по издавачките куќи БИД #Мисирков# и #Развиток# беше најголема издавачка куќа во Битола. Во својата богата издавачка дејност  Битолски весник  во неговата историја издал над стотина книги, брошури, монографии  на значаен  број  битолски автори, како што се:  Ванчо Николевски, Вера Бужаровска, Јован Боцевски, Владо Додовски, Стојан Тарапуза, Видое Подгорец, Цане Здравковски, Радован Цветковски, Панде Манојлов, Панде Петровски и други бројни автори.

          Воедно,  Битолски весник,   во сите изминати 60 години, се афирмирал и како организатор на значајни манифестации.

          Имено, Битолски весник веќе 24 години со ред мошне успешно ја организира  манифестацијата #Избираме најуспешни битолчани# која е мошне ценета и прифатена кај граѓаните на Битола, која одамна   битолчани ја викаат битолски оскар.

          Битолски весник веќе  19 години ја доделува наградата за новинарство Тоде Петревски.

          Весникот  бил и е организатор и реализатор на бројни  хуманитарни акции за лекување на битолчани во земјата и странство. Во настојувањето да им се приближи на своите читатели Битолски весник организирал и голем број наградни игри, избор на убавици, концерти, семинари, симпозиуми, научни трибини, спортски турнири и манифестации.

          И покрај скромните финансиски услови кои редовно го следат излегувањето на Весникот, во својата долгогодишна успешна историја Битолски весник бил директен сведок на значајни случувања  и во странство како што се Светското првенство во фудбал, во САД 1994 год, Олимпијадажта во Атланта 1996, Донаторската конференција во Брисел, Самитот на ЦЕИ во Загреб, Луксембург, гостува-њето на Народниот театар во Австралија, Светскиот ден на културата во Стокхолм, Шведска, Монмартр во Париз, и голем број други европски и светски случувања.

          За сите овие успеси  Битолски весник е добитник на многу признанија и дипломи.

          Во сите овие изминати 6 децении од излегувањето на првиот број на Битолски весник сите новинари, без разлика на која генерација припаѓаа, при пишувањето ги водеше една силна љубов кон весникот и желбата секогаш да се пишува професионално, совесно и одговорно.

          Битолски весник знаел да информира, пофалува, но и да критикува. Но, во секоја прилика настојувал тоа да го прави објективно  и одговорно и етички, прдржувајки се на Кодексот на новинарите.

          Новинарите на Битолски весник  уште од првиот број, а и ние денес  настојувавме на тоа да опстоиме, Битолски весник да биде весник на граѓаните на Битола.       

          Во темелите на Битолски весник се вградиле голем број новинарски пера, но сегашната генерација новинари, на чие чело е Васка. М. Младеновска буквално се надминаа себеси и бувално 7 дена, по 24 часа на ден работаат и се грижат за редовното излегување на Весникот.

          Тие успешно, со натчовечки сили  го подготвуваа и дистрибуира аБитолски весник до своите читатели дури и тогаш, кога целата редакција на Весникот беше во изолација поради Ковидот и се соочуваше со подмолната болест.

          Но и покрај тоа  сегашните вработени во Битолски весник  успеаја да го печатат Битолски весник и во такви  услови.

           Деновиве по повод јубилејот 60 години Битолски весник, добивме безброј честитки.Во една од нив поранешниот млад соработник на Битолски весник, а подоцна професор по новинарство д-р Живко Андревски  напиша дека Битолски весник е Универзитет за новинарство.За Битолски весник, сега покојниот професор д-р Томе Груевски – Тоци во една прилика напиша дека тој е Светилник, не само на Битолското, туку и Македонското новинрство.

          За многумина во Битола, Битолски весник бил првиот буквар, Колективна меморија на градот, сведок и хроничар на Битола, кој ја има најбогата архива на Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*