Home / Градска хроника / Реката Драгор кај Безистенот доби нова урбана ограда

Реката Драгор кај Безистенот доби нова урбана ограда

Денеска на реката Драгор официјално во употреба беше пуштена новата редизајнирана урбана опрема .
 
Пуштањето на новата урбана ограда на реката Драгор е согласно усвоениот прокет  за редизајнирање на мостовите на Драгорот, што неодамна го усвои Советот на општината Битола.
 
– Ова е една голема придобивка, а овој мост ќе биде еден од најубавите во нашиот град, затоа што ќе има и една заштитна конструкција за оние кои ќе сакаат да одморат. Имаме клупи на двете страни, а ќе има и осветлување- изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.
 
За реализација на овој проект во изминатиот период беше објавен повик за доставување на идејни решенија на кој пристигнаа повеќе решенија од кои за овој мост беше избрано најдоброто.
most 2     most 4
Општина Битола врз претходно завршена постапка ја обезбеди потребната документација, а после добивањето на одобрението за градба се изврши подготовка на теренот за отпочнување на активностите. Вкупната инвестиција за проектот изнесува  2 600 000 денари.
 
-Се работи за редизајн на мост број осум  или мост под Безистен. Тој е изграден од челична конструкција, од метални пиластри со променлив пресек и секундарни пиластри и ободната конструкција која што ја држи лушпата која што е од бескоморен поликарбонат. Мостот, исто така, ќе има и илуминација која што ќе биде во жлебовите во ободната конструкција, исто така, осветлен од двете страни, бочно од реката, така што ќе се гледа и контурата на самиот мост. Предвидени се и клупи за седење и жардињери со лазачи кои соодветно ќе се вклопуваат во целата конструкција, изјави Златко Томски, архитект – советник за комунални дејности во општина Битола.
most 1    most 6
 По завршувањето на овој проект, продолжува проектот за партерно уредување на потегот од мостот, покрај Борово и ТТК банка до стоковната куќа „Марди“.
 
Во рамките на проектот „Реконструкција и редизајнирање на мостовите“, во изминатиот период извршена е реконструкција и уредување на мостот кај гимназијата Јосип Броз Тито, Музичкото училиште и дрвеното мовче, изграден е нов мост – кружен тек кај Црн мост, редизајниран е стариот мост на истото место и направен е пешачки мост, а мостот кај Безистенот е шестти мост по ред врз кој се вршат градежни активности. За реконструкција се предвидени и мостовите кај Карпош и Јенимаале.
 
Со ваквата динамика, во изминатиот период од вкупно 138 проекти кои се дел од програмата на градоначалникот и Советот за периодот 2013 – 2017, општина Битола реализираше од 65 до 70%, а останатите проекти се во тек на реализација, освен два за кои сеуште не доспеал рокот за отпочнување.
 
Покрај овие проекти, локалната самоуправа реализира и повеќе проекти кои се надвор од програмата.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*