Home / Спорт / Касим Каменица нов тренер на РК Пелистер!?

Касим Каменица нов тренер на РК Пелистер!?

Иако оваа вест сеуште нема официјална потврда, сепак според добро информирани извори на порталот на Битолски весник речиси е сигурно дека за новото првенство нов шеф на стручниот штаб на ракометниот клуб Пелистер ќе биде поранешниот тренер на битолскиот прволигаш   во екс Југославија,  Касим Каменица.

Касим Каменица деновиве  ненадејно беше во посета на Битола. Тој имаше разговори со раководството на клубот и  се запозна со  потенцијалот на ракометниот клуб  Пелистер.

Во Управата на Пелистер се расположени да го ангажираат Касим Каменица,  зашто тој може да го врати клубот на старите патеки, кога тој беше на чело на Пелистер.

Сепак, засега сеуште нема дефинитивен  одговор меѓу Пелистер и Касим Каменица, а според информации на  Битолски весник  ангажирањето на Каменица е поврзано со неговото ангажирање за нов селектор на ракометната  репрезентација на Македонија.
Имено старо- новиот претседател на РФМ  Живко Мукаетов е расположен да го анагжира Каменаца за нов селектор на репрезентацијата.

Впрочем затоа Каменица и го прекинал својот престој во Турција и   дошол во Македонија.

Доколку Мукаетов успее да го промовира  Каменица за селектор, во тој случај Каменица изразил желба да го води ракометниот клуб Пелистер велат нашите извори.

Дали до тоа ќе дојде ќе се знае во наредните неколку денови.

Инаку, Касим Каменица е мошне квалитетен тренер кој во осумдесеттите години беше на чело на РК Пелистер и со него постигна извонредни резултати.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*