Don't Miss
Home / Вести / АД ЕСМ им исплати К-15 на своите вработени

АД ЕСМ им исплати К-15 на своите вработени

Над 5000 редовно вработени во АД ЕСМ и работници ангажирани преку агенции за привремено вработување, од кои најголемиот дел работници во РЕК “Битола” добија по 26.422 денари.

 АД ЕСМ одвои над 160 милиони денари за исплата на предвидениот приход на работниците.

Ова е втора година по ред како се исплака регресот за годишен одмор во целиот законски можен износ, за разлика од претходно кога беше предвидено исплата на 60 отсто, од просечната плата во државата, но и тие компанијата не ги исплакаше, па вработените ги добиваа парите по судски пат.

 Исплатата на регресот за годишен одмор во цел износ беше предвидена со новиот колективен договор што го потпишаа раководството на АД ЕСМ и Синдикалната организација на АД ЕСМ.

Иако од почетокот на ковид 19 кризата имаше информации дека оваа година нема да се исплати К-15, Управниот одбор, како што велат оттаму, ги согледал сите околности, остварените резултати, преземените чекори во услови на криза, како и проекции за работењето во следниот период, и одлучи да исплати регрес за вработените.   Инаку производствениот процес во АД ЕСМ се одвива тековно и без нарушувања за времетраењето на здравствената криза предизвикана од ковид 19 вирусот, со што регресот за одмор за вработените во комапанијата е повеке од заслужен.

 АД ЕСМ со исплатата на т.н. К-15 обезбеди дополнителни приходи за семејствата на над 5.000 свои вработени, од кои најголем дел се секако во Битола и околните градови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*