Детска градинка во Новаци ќе се топли со обновлива енергија
Паралелно со инвестициите во инфраструктурата, во општината Новаци во последно време доста се инвестира во предучилишното и основното образование.
Со најновата инвестиција општина Новаци наскоро за првпат ќе добие детска градинка која ќе се затполува од обновливи извори на енергија, односно биомаса.

Оваа инвестиција е обезбедена преку проектот „Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини” финансиран од Интерег ИПА Програмата за погранична соработка меѓу Грција и Македонија 2014-2020 година.
Детската градинка во Новаци која го носи името „Бамби“ претставува комплетно нов и модерен објект, кој ги исполнува сите неопходни стандарди за квалитетен образовен процес и обезбедува современи услови за згрижување и престој на 50 деца од општина Новаци.
Градинката располага со сите потребни услови, помагала и простории за престој на децата и за нивно воспитување, а дворот е уреден со забавни површини.
Средствата за изградба на оваа детска градинка се обезбедени следствено од Буџетот на општина Новаци во висина од околу 5,2 милиони денари.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
