Здружението за поттикнување на економскиот и културен развој ЕРЦ СОРАБОТКА – Битола во соработка со БАГА ФУД, ЊУ ХАУС и хуманитарната организација УТЕШИТЕЛ од Битола имплементира проект Poverty of Humanity поддржан од програмата Европски Солидарен Корпус и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Северна Македонија.
Проектот е во времетраење од 2 месеци односно од 15.09.2020 до 15.11.2020 каде две волонтерки од Република Турција и Република Чешка во активно работеа на неговата имплементација.


Целта на проектот е поттикнување на свеста на населението и младите за почесто организирање на банки за храна при што овој тип на активност е многу слабо застапен во регионот и балканот за разлика од другите европски држави.
Волонтерките волонтираа во фабриката на Бага фоод и Nu House палачинкара, при што за

возрат на волонтерските сати на завршниот настан Баге Фоод донираше конзервирана
храна на повеќе од 20 фамилии корисници на Хуманитарното здружение УТЕШИТЕЛ
од Битола.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
