Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство поради вчерашното присуство на инфицирани пратеници од Ковид-19 на вчерашните седници.
Кривичните ќе бидат поднесени утре против сите инволвирани кои овозможиле присуство на овие пратеници во собранието а пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се повикува на прекршување на членовите 205 и 206 од Кривичниот законик.
Владејачката СДСМ пак и денеска се повикуваат на протоколот кој го има Собранието, а пак собранискиот спикер Џафери вели не сака да коментира дали има прекршување на членови од кривичниот законик, бидејќи тој како што рече не е правник, а работи по протокол и деловник.
Тврди направил сериозни консултации со сите институции пред да ја свика седницата на која вчера присуствуваа инфицираните пратеници.
И пратениците од Левица исто така пак веќе најавија дека ќе поднесат кривични пријави против пратениците кои инфицирани од Корона вирусот вчера дојдоа на двете собраниски седници за да гласаат.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
