Љубителите на филмската уметност во Битола од в сабота, 16-ти па се до 22 јули во Киното “Манаки“ во Битола, во рамките на манифестацијата “ Недела на италјанскиот филм “ ќе имаат можност да уживаат во најновите остварувања на италјанската кинематографија.
Оваа филмска манифестација ја организира Културниот информативен Центар – Битола во соработка со Амбасадата на Република Италија во Скопје , како и Институтот за италијанска култура.
Во рамките на неделата на италјанскиот филм ќе идат прикажани седум филмови, кои ќе се прикажуваат во „Киното Манаки“.
Сите филмовски се титлувани на македонски јазик, а влезот е бесплатен.