Битола во последно време со право може да се нарече дека е град на коцката.
Процентуелно по бројот на жители и големина таа по бројот на кладилниците, коцкарниците и казината сериозно му се доближи и на најкоцраските градови во светот
Во моментот кога поради енергетската и економската криза најголемиот број од битолчани едноставно се прашуваат како да преживеат и да го истуркаат месецот, во Битола цути коцката и слаткиот живот.
И најпеднатните хроничари не можат со точност да кажат колку коцкарници и кладилници и казина има во Битола. Некои велат дека ги има близу стотина.
Речиси секој ден во градот, особено во самиот центар на Битола никнуваат казина, каде се коцкааат битолчани.
Иако во светот, во казината, кои се главно надвор од градовите, обично се коцкаат богатите луѓе кои не знаат што да им прават на парите па одат во казината да се коцкаат и убаво да си поминат во прекрасните хотели изградени како во бајките и да уживаат во бројните забави, музички приредби, разни шоу програми, во коцкарниците и казината во Битола навракаат да се коцкаат најчесто насјиромашните битолчани, кои имаат по 100 или 200 денари во џебот и кои мислат дека среката ќе им се насмевне и ќе се здобијат со некоја голема добивка да се спасат од сиромаштијата.
Речиси цел град, од самиот влез на патот од Прилеп, па се до излезот за Охрид и на патот за Грција е покриен со коцкарници, кладилници и казина.
Само во центарот на Битола, на самиот Широк сокак ги има вкупно 7.
Oпширно читајте утре во печатеното издание на Битолски весник