Кога пред локалните избори беа удрени темелите за изградба на две детски градинки, во АРМ и во близина на ОУ “ Климент Охридски “ сега веќе екс градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, во нејзин стил се пофали дека по 30 години во Битола почнаа да се градат, не една , туку две детски градинки.
Почетокот на изградбата на двете детски градинки беше најавен како почеток на крајот на грижите на родителите на малите дечиња за нивно згрижување во нови, модерни и современи детски градинки, каде ќе можат безгрижно да престојуваат неколку стотини деца, додека нивните дотели се на работа.
Со изградбата на двете детски градинки се тврдеше дека конечно ќе се реши најгорливиот проблем на младите родители да ги згрижат своите деца и дека долгиот список од над 1.000 барања за сместување во градинките во Битола буквално ќе се преполови.
Но за жал од тоа не се случи ништо.
Опширно во печатеното издание на Битолски весник