По неколкуте сообраќајни несреќи, од кои една беше со смртни последици, синоќешната несреќа на една брачна двојка, на патот Битола- ИЗ “ Жабени “, денеска со отворено писмо до јавноста се јавија од компанијата “ Кромберг и Шуберт “.
Во отвореното писмо, кое e адресирано до сите локални и републички институции, изведувачот ПЕЛАГОНИЈА АД. Гостивар, ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернесшнл и други, ДОО. Јавно претпријатие за државни патишта, “Македонијапат”,Министерство за транспорт и врски, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, јавното претпријатие за стопанисување со индустриска зона ЖАБЕНИ, градоначалникот Тони Коњановски се вели:
-Со овој Допис поднесуваме барање за итна интервенција за обележување и сигнализација на патот Битола – ИЗ “Жабени“, кој што во моментот е сеуште во фаза на реконструкција. Со направените поправки, санација и реконструкција на патот, кој што дел се сеуште во тек, патот во моментот е необележан и нема поставено сигнализација и обележување на патот поради што истиот е опасен за користење. Свесни сме дека сеуште се работи на самиот пат, но, за жал веќе се случија неколку сообраќајни несреќи и една ообракајна несрека каде што животот го загуби едно лице, наш вработен поради што апелираме за итно обележување на патот.
Поради новите слоеви на асфалт кои се поставија, висината на патот е над нивото на страните покрај самиот пат, и има остри рабови кои не се обележани со (крајна) бела лента и во текот на вечерно возење е доста небезбедно и не е видливо до каде е самата ивица на патот.
Покрај бела линија, апелираме да се постават и визуелна сигнализација со ступчиња со рефлектирачки маркици кои светат при вечерно возење или да се постави целосна заштитна ограда особено на неколкуте кривини на патниот правец каде прегледноста е дополнително намалена.
Потребата од интервенција со сигнализација и обележување е ИТНА бидејќи овој пат е исклучително фрекфентен.
На дневна основа истиот се користи од над 5.200 вработени на КСМК-Бт од Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и околните села, кои секој ден во двата правци го поминуваат патот на релација Битола – Жабени – Битола со цел да дојдат на работа:
-За превоз на дел од вработените, во текот на едно денонокие на патот сообраќаат над 150 возила за групен превоз (над 70 автобуси и 80 комбиња) (фабриката работи во 3 смени, па оттаму денонокното сообракање),
-дел од вработените се превезуваат со автомобили и во текот на едно денонокие на патот во двата правци сообракаат околу 270 автомобили,
-дел од вработените се превезуваат и со мотоцикли,
– Во просек по околу 10 транспортни камиони кои исто така дневно во двата правци го поминуваат патот со цел транспорт на репро материјали и производи до и од нашата фабрика;
-Бројни возила на посетители на фабриката на КСМК-Бт;
– Бројни локални жители и земјоделци кои исто така со автомобили, мотоцикли, велосипеди, пеш и со земјоделски возила секојдневно сообракаат на патот.
Како што може да се види, безбедноста на сообракајот на овој пат ги засега без исклучок сите граѓани од Пелагонискиот регион – речиси и да нема семејство во кое најмалку 1 член дневно не го користи овој пат.
Понатаму, интензивиран е сообракајот на овој пат и од македонските и странските државјани за да стигнат до границниот премин Меџитлија.
Нагласуваме дека патот едноставно не смее да се остави необележан и без задолжителна сигнализација затоа што е загрозена безбедноста на сите кои се движат по истиот, па бараме од сите Вас да постапите согласно вашите надлежности и да преземете соодветни мерки со цел да се обезбеди безбедно, сигурно и непречено движење на патот во текот и по завршувањето на реконструкцијата
Исто така бараме да се направи соодветен спуст од висината на новиот поставен асфалт кон влезот на Индустриска зона “Жабени”, каде што поради новите слоеви на асфалт постои значителна висинска разлика со претходно поставениот асфалт кон самиот влез на Зоната. Таа висинска разлика изнесува 20-тина см без соодветен спуст што од една страна претставува опасност за патниците, а дополнително предизвика технички оштетувања на возилата од друга страна.
Во заложба за заштита на нашите вработени, соработници и сограѓани, стоиме на располагање за сѐ што може да се преземе од наша страна со цел забрзување на интервенцијата.
Ве молиме во најбрз можен рок да нѐ известите за активностите кои ќе се преземат за соодветна сигнализација и обележување, како и за нивната временска динамика, со цел да ги имаме предвид при секојдневното користење на патот, се вели во соопштението на “Кромберг и Шуберт” кое е испратено до сите институции и министерството за транспорт и врски.
Од “ Крмберг – Шуберт “ и жителите од селата на овој дел на Битола и Битолско велат дека доколку не се реагира под итно за сообраќајно обележување на патот тие ќе ги радикализираат своите барања и се закануваат дури и со блокади на патот, кој води не само ИЗ “ Жабени “ туку и до Грчка граница.