Home / Вести / Битола со ФК Пелистер ќе градат кампус за тренинзи

Битола со ФК Пелистер ќе градат кампус за тренинзи

Враќањето на ФК „Пелистер“ во прволигашка конкуренција во голема мера ги зголеми обврските не само на управата на клубот, туку и на општината Битола.

-ФК Пелистер е гордост на Битола, но и голема обврска за стручниот тим, управата на клубот, општината.. Предизвиците кои следуваат  се насочени кон организационо и финансиско зајакнување на клубот. Зацртаните планови од минатата година веќе се реализираат, младинската школа бележи значајни резултати, а локалната самоуправа продолжува да обезбедува поддршка покрај за професионалните спортски клубови и останатите спортски колективи и индивидуални спортисти. Спортот е навистина значаен бидејќи е и амбасадор и значаен за националната гордост, за чувството на припадност на навивачите. Во оваа прилика, покрај на навивачоте   сакам да им се заблагодарам за огромната поддршка, но и на управата на клубот  и сите оние кои беа вклучени и дадоа поддршка ФК Пелистер да се врати онаму каде што припаѓа и да биде во Првата лига.

 Исто така, сакам да истакнам дека е многу значајно одличното функционирање и на младинската школа, бидејќи без тој сегмент ниту еден спортски колектив нема да биде она што треба да биде. И оваа година за првпат после повеќе од 10 години, три финалиња во купот на Македонија играа категориите коишто спаѓаа во тој младински дел, исто така и во детската лига беа постигнати добри резултати, а минатата година имавме и една генерација кои што беа прваци. Едно е првата лига, но ние ФК Пелистер го гледаме како целина“, рече Борче Димитровски, секретар на општина Битола.

По враќањето на ФК Пелистер во Првата фудбалска лига меѓу најголемите приоритети на кои работи општината Битола останува подобрувањето на спортската инфраструктура во градот.

-Добро е да имаме добри екипи во сите спортови, но спортската инфраструктура е исклучително важна. Затоа посветено работиме. Се комплетира тој прв дел од функционалната целина на стадионот, односно се изгради северната трибина на стадионот, но не застануваме тука. Изготвивме проектна документација за јужната трибина, за нејзина санација и реконструкција и во следниот период очекуваме тоа да се направи, стадионот да се комплетира како целина, но заедно со управата и познавачите на спортот размислуваме да се изгради во Битола кампус за тренинзи којшто недостига за сите спортски фудбалски колективи, каде ќе имаат можност и приватните школи не само ФК Пелистер.

Тоа градот да го направи ќе биде многу значајно. Има соодветна локација во поранешната касарна и веќе се работи на проектна документација, но тоа ќе биде пообемен проект и позначаен, којшто ќе овозможи солидна иднина на фудбалот во Битола“, најави секретарат на Општината Борче Димитровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*