Денес, во работна посета на Меѓународен Славјански Универзитет беше градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, информираат од МСУ.

„На иницијатива на Македонско-Узбекистанското друштво за пријателство и соработка, градот Скопје и градот Ташкент разговаравме за возобновување и интензивирање на меѓусебната соработка како и продлабочување на интересот за заедничките културолошки и општествени вредности-информираше првиот човек на Меѓународниот Славјански универзитет проф. д-р Јордан Ѓорчев.

Од МСУ додаваат дека соработката со градот Ташкент започна уште од 1970 година кога е потпишана Програмата за соработка и интензивно работи се до денес.
Меѓународен Славјански Универзитет секојдневно работи на своето подобрување и развивање на можностите за своите студенти.