Don't Miss
Home / Вести / Делегација од АД ЕСМ и тим на германската КфВ Банка ја посетија локацијата каде ќе започне изградбата на четири нови ветерни турбини во Паркот на ветерни електрани Богданци

Делегација од АД ЕСМ и тим на германската КфВ Банка ја посетија локацијата каде ќе започне изградбата на четири нови ветерни турбини во Паркот на ветерни електрани Богданци

Делегација од АД ЕСМ, предводена од директорот за финансии Иван Аџија Стојановски и тим на развојната германска КфВ Банка остварија заедничка посета на локацијата каде што во претстојниот период ќе започне изградбата на четири нови ветерни турбини во рамките на Паркот на ветерни електрани Богданци.

Во составот на делегацијата од Германската развојна КфW Банка беа Пабло Обрадор, директор за енергетика за Југоисточна Европа и Турција, Нилс Меденбах, главен портфолио менаџер и Роберт Шарламанов, сениор специјалист за енергетика.

Во втората фаза е предвидена изградба на четири ветерни турбини, секоја од 3,4 МW, со што инсталираната моќност ќе биде зголемена за 13,6 МW, а вкупната инсталирана моќност ќе се зголеми на околу 50 МW, обезбедувајќи дополнително годишно производство од 37.000 МWh , зелена енергија.

За реализација на проектот, обезбедена е вкупна финансиска рамка од 37,6 милиони евра. Заемот од КФВ Банката е во вкупен износ 25,7 милиони евра, околу 8,9 милиони евра е грант обезбеден преку инструментот Инвестициска рамка за Западен Балкан ((WBIF), додека три милиони евра се сопствени средства на АД ЕСМ.

Во овој контекст, АД ЕСМ упатува огромна благодарност до нашите стратешки партнери КфВ банка и инвестициската рамка за Западен Балкан, која како заедничка иницијатива на Европската комисија, различни донатори и меѓународните финансиски институции има значајна улога и претставува исклучителна поддршка во развојните проекти на компанијата.

Реализацијата на втората фаза од ПВЕ Богданци ќе го збогати портфолиото за обновливи извори на АД ЕСМ, ќе придонесе за дополнителна стабилност на енергетскиот систем и ќе влијае на намалување на зависноста од увоз на електрична енергија.

Разговаравме и за можностите за реализација на фаза 3 за идно проширување на ветерниот парк Богданци откако ќе биде комплетирана фаза 2 во 2027 година. Се договоривме кои чекори треба да бидат преземени, а со цел штом биде комплетирана фаза 2 веднаш да се продолжи со потенцијалната фаза 3. Со комплетирани фаза 1 и 2, ветерниот парк ќе биде со капацитет од 50МW, со што се остава можност за идно понатамошно проширување со дополнителни 50 до 80МW. КФВ ја потврдија нивната заложба за понатамошна поддршка на АД ЕСМ за зголемено воведување на зелената и обновлива енергија– изјави Стојановски.

Ветерниците од првата фаза во ПВЕ Богданци кои се сопственост на АД ЕСМ беа пуштени во употреба во 2014 година. Паркот, со своите 16 турбини, во моментов има инсталирана моќност од 36,8 МW и годишно произведува околу 100 GWh природно одржлива енергија, што е доволно за снабдување на околу 60.000 граѓани, и придонесува кон намалување на емисиите на CO2.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*