Don't Miss
Home / Вести / Вработените во АД ЕСМ се вклучија во еколошката акција „Генералка викенд“

Вработените во АД ЕСМ се вклучија во еколошката акција „Генералка викенд“

Со нескриен ентузијазам и вистински тимски дух, АД ЕСМ преку вредните колеги – волонтери, активно се вклучи во големата национална еколошка акција ГЕНЕРАЛКА WEEKEND.

Нашите тимови не само што посветено собираат отпад, туку и ја користат прекрасната можност да засадат нови, млади садници на повеќе локации. Оваа двојна акција јасно ја покажува нашата длабока посветеност кон еколошката одржливост и нашата верба во создавање на поздрава иднина за сите-информираат од АД ЕСМ.

Во АД ЕСМ цврсто веруваат дека секој поединец игра клучна улога во зачувувањето на животната средина.

Нашата викенд посветеност нека прерасне во рутина и секојдневна навика-заедно да се грижиме за околината!-додаваат од АД ЕСМ.

Воедно изразуваат огромна поддршка за ваквите граѓански иницијативи и гордост кон сите нивни вработени кои со својот личен пример докажуваат како обединети можеме да направиме значајна и видлива разлика.

Чистата животна средина не е само наше право, туку и наша заедничка одговорност!-порачуваат од АД ЕСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*