По повод 22 април, Денот на планетата Земја, АД ЕСМ денес организираше масовни акции за чистење на повеќе локации низ целата земја.


Вработените во компанијата активно се вклучија во иницијативата, демонстрирајќи ја својата посветеност кон зачувување на животната средина.

„Горди сме на нашите вработени кои денес одвоија време и енергија да придонесат кон почиста животна средина. Иако сме свесни дека еден ден нема да ги реши сите еколошки предизвици, веруваме дека оваа акција испраќа силна порака за важноста на колективната одговорност. Нашата посветеност кон одржливоста е долгорочна, а денешната иницијатива е само еден дел од нашите напори за создавање поздрава иднина за сите генерации. Немаме резервна планета и затоа мора да делуваме одговорно и посветено секој ден-изјави Лазо Узунчев, генерален директор на АД ЕСМ.


Активностите за чистење се реализираа на локации во близина на производните капацитети за електрична енергија, како и на скијачките центри Копанки и на Попова Шапка.
Вработените собираа отпад, уредуваа зелени површини и придонесоа кон подобрување на еколошката слика.

АД ЕСМ останува цврсто посветена на поддршка на иницијативи за заштита на животната средина и подигнување на еколошката свест кај граѓаните. Веруваме дека само преку заеднички, координирани напори можеме да изградиме одржлива иднина за сите генерации.


Во таа насока, нашата компанија е силно фокусирана кон реализација на зеленото сценарио како долгорочен и стратешки процес.

Оваа трансформација ќе придонесе кон значајна декарбонизација на енергетскиот сектор, но, и кон создавање на позелена и поздрава животна средина за сите.