Don't Miss
Home / Вести / Битолскиот судија Александар Камбовски е новиот претседател на Судскиот совет на Македонија

Битолскиот судија Александар Камбовски е новиот претседател на Судскиот совет на Македонија

Со 13 гласови „ЗА“ едногласно членовите на Судскиот совет го избраа Александар Камбовски за претседател на највисокото судско тело.

Апелацискиот судија од Битола, кој пред седум месеци стана член на советот од денеска ќе го менаџира и предводи телото кое избира и разрешува судии.

Пофалби за стручност и интегтритет како и поддршка доби од речиси сите колеги.

Најмногу го пофалија колегите кои се избрани во Собранието и се уште е неизвесно дали ќе останат во Советот, со оглед на најавите за нивно разрешување.

Камбовски упати порака до граѓаните, но и до судиите -дека сите што се огрешиле и ќе се огрешат пред законот ќе одговараат . Даде ветување дека ќе ја врати довербата во судството.

Изборот на Камбовски доаѓа откако поранешната претседателка Весна Дамева си даде неотповиклива оставка минатиот месец.

Таа рече дека оставката е поради недолични изјави на политичари коишто го рушеле нејзиниот дигнитет и интегритет.

Нејзиниот мандат беше пропратен со скандали, при што во Советот влезе Оценската мисија на ЕУ, и даде препораки за негово реформирање.

Извор: alfa.mk/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*