Општина Битола со богата културна програма ја одбележува 80-годишнината од ослободувањето на Битола.
Добар дел од тие настани како; „ Шопенова вечер“ музичко – поетската вечер со Марко Виденовиќ и „Мевлем“, изложбата „Битола, слободна“ на Државен Архив.одд. Битола, Изложбата на граѓански активизам со Форумот на млади ги одбележаа изминатите денови.
-Ни претставува задоволство да ги најавиме следните два настани кои ќе се случуваат овој викенд во Офицерскиот дом-информираат од Културно-информативниот центар Битола.
50 години -Јубилејна изложба на Друштвото на ликовни уметници Битола, од 09-20.11. 2024, Офицерски дом , 20.00 часот.