Директорот на битолскиот затвор “Црн Мост “Драган Крајовски е новиот лидер на ОО на СДСМ Битола.
Така одлучи во понеделникот доцна попладнето Централата на СДСМ.
Драган . Крајовски по професија е правник и адвокат, а последните три години Крајовски во својата политичка кариера беше лидер на младината на СДСМ во Битола и член на Централниот одбор на СДСМ.
Инаку во трката за нов лидер на СДСМ Битола конкурираа десетина кандидати, кои се пријавија на Конкурсот.
Драган Крајовски е од младата генерација политичари, членови на СДСМ, кој во седиштето на партијата ке седне на местото на сега веке екс претседателот на битолската општинска партиска организација, Златко Курчиевски.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
