Don't Miss
Home / Вести / Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска во посета на МСУ

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска во посета на МСУ

Денес, во работна посета на Меѓународен Славјански Универзитет беше градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, информираат од МСУ.

На иницијатива на Македонско-Узбекистанското друштво за пријателство и соработка, градот Скопје и градот Ташкент разговаравме за возобновување и интензивирање на меѓусебната соработка како и продлабочување на интересот за заедничките културолошки и општествени вредности-информираше првиот човек на Меѓународниот Славјански универзитет проф. д-р Јордан Ѓорчев.

Од МСУ додаваат дека соработката со градот Ташкент започна уште од 1970 година кога е потпишана Програмата за соработка и интензивно работи се до денес.
Меѓународен Славјански Универзитет секојдневно работи на своето подобрување и развивање на можностите за своите студенти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*