„Со огромна тага ја примив веста за трагичниот настан што се случи во збратимениот град со Битола – Цетиње, Црна Гора, во кој многу животи беа прерано згаснати, а неколкумина други беа повредени во вооружениот напад кој го потресе целиот регион-напиша градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски на официјалниот Фејсбук профил.
Првиот човек на Битола, градоначалникот Коњановски од името на Општина Битола, како и од негово лично име, изрази најискрено сочувство до семејствата на жртвите за нивната огромна загуба.
„Нашите мисли и молитви се со нив, како и со сите кои беа погодени од овој трагичен настан.Битола како збратимен град со Цетиње останува подготвена да понуди каква било поддршка што би била потребна на нашиот братски народ.Нека почиваат во мир сите невини жртви, а на повредените им посакувам брзо опоравување-напиша вечерва на официјалниот Фејсбук профил, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.