Овој викенд, градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски заедно со неговите колеги градоначалници, учествува на Политичката академија на тема: „Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа“, со посебен акцент на организациските, комуникациските и стратешките пристапи во решавање на локалните предизвици.

Академијата е организирана од Фондацијата Конрад Аденауер и Партискиот истражувачки и аналитички центар „Љубиша Георгиевски“, и претставува значаен чекор кон градење поефикасна, транспарентна и одговорна локална самоуправа.

Настанот свечено го отворија претседателот на Владата Христијан Мицкоски и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски, што дополнително ја нагласува важноста и поддршката за унапредување на локалното управување.
„Верувам дека преку вакви настани заеднички придонесуваме кон посилни општини и подобар живот за сите граѓани-вели градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.