Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со Генералниот конзул на Република Албанија во Струга, Петрит Мусај.

На средбата, се разговараше за добрите односи помеѓу двете земји, како и за потенцијалите за соработка на бизнис секторот и можностите за заеднички делувања во културата и туризмот.
Градоначалникот Тони Коњановски, потенцираше дека Општина Битола, веќе има воспоставено соработка со албанската страна и во проекти поддржани од програмата за прекугранична соработка, посебно нагласувајќи ја соработката со општините Пустец и Корча.

Генералниот конзул Мусај нагласи дека оваа соработка мора и понатаму да се зајакнува, заради што ја истакна и својата идна заложба за збратимување на Битола и Корча.
Генералниот конзул е назначен на оваа функција во септември 2024, а неговото делување ги опфаќа општините од југозападниот регион.