Don't Miss
Home / Вести / „Куќа имам на Пелистер“- Легендите оживуваат во рамки на „Зимска приказна“

„Куќа имам на Пелистер“- Легендите оживуваат во рамки на „Зимска приказна“

Пред Инфо Центарот на Националниот парк Пелистер, официјално
започна еден од најочекуваните настани во рамки на „Зимска приказна“-„Куќа имам на Пелистер“.

Овој уникатен настан, инспириран од безвременската песна на Јонче Христовски, претставува спој на природата, традицијата и авантурите, а според очекувањата, ќе привлече над 1.000 посетители.

Прес-конференцијата што се одржа непосредно пред стартот ја отворија директорот на Националниот парк Пелистер Иванчо Тошевски и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски кои ја истакнаа важноста на овој настан за локалната заедница и
туризам.

Пелистер е нашата гордост, симбол на природната убавина и неисцрпна инспирација. Со овој настан, го претвораме Инфо Центарот во стартна точка за нови авантури, туристички приказни и можности кои ја зајакнуваат врската меѓу човекот и природата– изјави Иванчо Тошевски директор на Националниот парк Пелистер.

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски додаде дека со Зимската приказна Битола се позиционира како еден од водечките центри на зимскиот туризам.

Овој настан на Пелистер ја истакнува нашата посветеност за развој на туризмот и промоција на нашите природни и културни вредности-додаде градоначалникот Коњановски.

Настанот „Куќа имам на Пелистер“ обединува над 20 локални производители, авантуристички клубови, хотели и туристички агенции, кои нудат уникатно искуство за посетителите.

Програмата вклучува дегустација на локални специјалитети, адреналински авантури како џип сафари и скијање, како и
ексклузивни туристички понуди. Дополнително, музичката програма со настапите на групата Деспина и ди џеј Svaba ќе донесе празнична енергија во планинската атмосфера.

Посебен акцент е ставен на наградната игра, каде што средствата ќе бидат наменети за хуманитарни цели, уште една потврда за заедничката заложба за добросостојба на заедницата.

Со вакви иницијативи, „Зимска приказна“ продолжува да ја позиционира Битола како празнична туристичка атракција и двигател на економскиот и туристичкиот развој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*