Don't Miss
Home / Вести / Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како никогаш досега, откако е независна Македонија

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како никогаш досега, откако е независна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени во врска со вчерашната објава дека е започната исплатата на субвенциите за земјоделците, информираше дека е направена историски голема исплата.

Само во последниот период се исплатени повеќе од 28 милиони евра, а посебно во последните шест месеци за 400 милиони повеќе од она коешто претставува историски најголем резултат. Да сакам да кажам дека историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како никогаш досега, откако е независна Македонија и тоа е нешто коешто навистина претставува големо постигнување. Повеќе од 28 милиони евра се исплатени само во последниот период. Инаку вкупно во цела година се исплатени, а посебно последните шест месеци за 400 милиони повеќе од она коешто претставува историски најголем резултат. Но тука не треба да се игнорира и заборави дека имаме историска највисока цена за лозарите, за тутунарите, за останатите земјоделски култури, коишто навистина претставуваат исклучителни рекорди коишто досега се незабележани-изјави премиерот Мицкоски.

Целта на оваа Влада меѓу другото е уште повеќе да произведуваме храна нагласи премиерот, помалку да увезуваме, а повеќе да извезуваме.

Јас навистина сум задоволен од тоа како се менаџираат ресурсите и се надевам дека ова само ќе биде мотив повеќе за земјоделците, следната година заеднички уште подобро да се организираме и уште повеќе да произведуваме, помалку да увезуваме храна, туку да извезуваме. Тоа е она што претставува цел на оваа Владата и ќе има реформи во политиката на субвенционирање и ќе има реформи во политиката на приоритети. Така што сега за сега можам да кажам дека сум исклучително задоволен од тоа коешто е постигнато-рече премиерот Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*