Home / Вести / Мицкоски се откажа од “медениот месец” бидејки државата била во клиничка смрт

Мицкоски се откажа од “медениот месец” бидејки државата била во клиничка смрт

                       

По дводневна дебата, Собранието на Македонија во неделата со  77 гласови ЗА и 22 против ја изгласа Владата, која ја предложи мандатарот Христијан Мицкоски.

            Додека опозицијата се обиде да ги оспори и минимизира најавените проекти на Мицкоски и квалитетите на  предложените министрѕ,  сега веќе новиот премиер на државата, Христијан Мицкоски во своето обраќање пред пратениците нагласи дека со оглед на тоа што државата се наоѓа во клиничка смрт за него нема потреба од 100 дена за меден месец на Владата, туку уште од првиот ден ќе работи напорно и  посветено  да ги реализира ветувањата дадени пред граЃаните на претседателските и парламентарнте избори.

– Од она што го дознаваме за состојбите во државата, ситуацијата е рамна на клиничка смрт во повеке клучни области, девастирана до мера на непрепознатливост, каде институциите се доведени пред буквална пропаст и незапаметена нефункционалност. Ова не го говорам дека имам намера да смислувам изговори, или да плачеме над лошата состојба, туку дека одлучно ќе одговориме, затоа што оваа генерација нема опција за неуспех и заедно ќе мора да направиме големи чекори напред. И затоа нема да барам никакви 100 дена меден месец, туку најавувам фуриозен почеток на проекти и нови инвестиции веднаш.  Веке во вторник(вчера) најавувам инвестиција од 400 милиони евра, а потоа ќе ги намалиме даноците и ќе ги зголемиме пензиите,рече  на  почетокот од своето експозе новиот премиер на Владата, Христијан Мицкоски, кој притоа додаде:

-Враќање на довербата во институциите, елиминирање на корупцијата и криминалот и економско заживување. Време е татковината да направи повеке за секој граѓанин. Работата на сите предложени кандидати за јавни функции ќе биде предмет на постојана ревизија и евалуација и ќе има место само за тие со јасна волја, кои се посветени на државата и народот и кон исполнување на програмата, и кои ќе бидат блиски до народот и ќе имаат јасен, морален и професионален компас. Накусо оние кои ќе бидат луѓе. Јас разбирам дека грешки се возможни, но грешки кои ке се исправаат затоа што динамиката која ја планирам е пеколна, темпото ќе биде силно затоа што народот очекува од нас резултати, одговорноста која ја имаме е огромна. Се работи за нашиот образ. И за нашата чест. Неморал и потфрлања нема да толерирам. Кој нема да може да се носи со тоа не е погрешно ниту грев да каже, или заедно да утврдиме, и да ја промени позицијата или да биде реконструиран од постојната. Ова важи за сите функционери кои ќе бидат избрани  од нашата коалиција, без разлика од која партија доаѓаат, истакна Мицкоски. Обраќајки се до опозицијата Мицкоски рече:

            -Подготвен сум  да разговарам за сите отворени и важни прашања. Јас ќе се однесувам со должна почит кон вашите предлози и не очекувајте политички хајки, затоа што нема да го трошам времето на тоа што го трошевте вие. Но ќе има одговорност за секој криминал, рече Мицкоски, кој додаде дека владата ќе остане посветена на европските интеграции и дека ќе работи ангажирано на усогласување на политиките со европските стандарди, унапредувајќи ја целта за полноправно членство во Европската Унија.

Инаку новата влада ќе има вкупно 20 министерства, четири повеке од досега. Владата ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски ке има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер”.

Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*