Don't Miss
Home / Вести / Мултимедијален настан „Спознавање“ во МКЦ Битола

Мултимедијален настан „Спознавање“ во МКЦ Битола

Најновото петто издание на младинското културно списание „Спознавање“, проекција на три краткометражни филмови, базар на млади креативци и два концерти деновиве се одржаа во Младинскиот културен центар во Битола.

На базарот учествуваа „Лом Лабел“ (алишта), Емилија Трајковска (фотографии), „Урбаниум“ (литература), „Спознавање“ (списанија), „Луна Адитеја“ (алишта), Бојана Исијанин (фотографии), „Пондер“ (литература), „MM Creations“ (рачна изработки), „Партизанска Штампа“ (плакати), „Словокулт “(литература), Изложба – 2nd cycle (ламби) и други.

Проекциите на филмовите беа во соработка со Младински филмски фестивал.

Настанот продолжи со концертот на Огнен Златанов и Теа Шалдева со нивниот груб и мрачен, еволуиран пост панк звук кој ги обединува годините посветено изучување и изведување најразлична музика во карактеристичниот, современ и длабоко интимен израз по кој се истакнува нивната авторска музика.

Последни настапија групата „Алембик“ кои за првпат се претставија пред битолската публика со својата авторска музика која е обид за спој и реобмислување на различни музички жанрови, користејќи експериментални и атипични начини на произведување звук преку алхемиска игра со музичките елементи.

Настанот се одржа во рамките на проектот „Урбана Агенда“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*