Најмладите од основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ од Битола, со поддршка од своите наставници и едукатори, денес со приредба во Киното „Манаки“ се заблагодарија на традиционалната предновогодишна посета од градоначалникот Тони Коњановски и подарувањето на новогодишни подароци.
Градоначалникот Коњановски нагласи дека прекрасните игри и песни од децата создадоа посебно убава атмосфера, која внесува вистинска празнична радост.
Градоначалникот Коњановски изрази посебна благодарност за благодарницата од училиштето за општината наменета за нејзиниот посебен придонес во вреднувањето на вистинските вредности, љубовта, хуманоста и емпатијата кон децата со попреченост.