Don't Miss
Home / Вести / Одржан состанок на Локалниот совет за превенција

Одржан состанок на Локалниот совет за превенција

Советот за превенција при Општина Битола, денес одржа состанок на кој се разгледуваа неколку важни теми. Ситуацијата со деца малолетници во локали во ноќните часови, проблемот со деца под дејство на алкохол и обезбедувањето на безбедност на подрачјето на Општина Битола за одржување на престојните матурски и полуматурски прослави, беа разгледувани како една точка на која беа презентирани моменталните состојби и беа претставени мерки за подобрување на јавната безбедност и ред, како и засилено патролирање и контролирање на јавниот ред и мир.

Од страна на МВР информираа дека Одделот за превенција спроведува континуирани активности, со цел да се подигне свеста кај граѓаните и да не се предизвикуваат прекршоци.

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, замоли за зголемено присуство на МВР на терен со цел зголемување на безбедноста.

Од страна на МВР и Центарот за социјална работа, беше нагласено дека родителите треба да бидат поотворени за соработка, да се организираат едукативни собири, како родителите би биле активно вклучени во активностите за спречување на конзумирање алкохол и управување со мотори и автомобили.

МВР информираше дека, согласно доставениот список од сите организирани матурски прослави, на терен ќе има присуство на униформирани лица, а до родителите апелираа, да не им се дозволи на матурантите да управуваат со автомобили.

Градоначалникот Коњановски, нагласи дека Општината е подготвена да излезе во пресрет за организација на секаков вид едукативни настани.

Исто така, градоначалникот Коњановски, побара поголема вклученост на сите одговорни субјекти за решавање на проблемот со кучињата скитници, посочувајќи дека не е ретка појавата на испуштање кучиња од сопственици особено во делот кај поранешната Касарна.

Директорот на ЈП „Комуналец“ информираше дека досега преку прифатилиштето „Хачико“, третирани се 193 кучиња, но, и дека за сите проблеми на терен известена е и Агенцијата за храна и ветеринарство и се прават обиди за заедничко делување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*