Don't Miss
Home / Вести / Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ од Битола, со повеќе активности го одбележа патрониот празник

Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ од Битола, со повеќе активности го одбележа патрониот празник

Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ од Битола, со повеќе активности го одбележа својот патрон празник.

Денес, во Центарот за култура во изведба на учениците и тимот од училиштето се одржа пригодна програма и чествување на традицијата и вредностите во чест на Коста Апостолов Солев Рацин.

Организаторите и учесниците на настанот уште еднаш покажувајќи ги своите креативност и ентузијазам докажаа дека секое дете заслужува можности за вклучување, поддршка и љубов, а попреченоста не е пречка за заеднички успеси.

На денешниот настан, присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој нагласи дека, успешноста на ваквите случувања е потврда на заложбата за постигнување заедништво и напредок, преку инклузивност, вреднување на посветеноста и мотивирање на младите за нови резултати.

На градоначалникот Коњановски, му беше доделена благодарница од училиштето за искажаната љубов, емпатија и заложба во создавањето инклузивна средина во која децата со попречност можат да ги развијат своите потенцијали и да бидат рамноправен дел од задницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*