Don't Miss
Home / Вести / Парична награда и икона за битолчанецот што го фати светиот крст на Водици

Парична награда и икона за битолчанецот што го фати светиот крст на Водици

Битолскиот градоначалник Тони Коњановски денес имаше средба со дел од учесниците во традиционалната манифестација фаќање на Светиот крст, која се одржа вчера во Храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола, по повод празникот Водици.

Битолчанецот Иван Миовски, 15 годишниот ученик во прва година во општинското средно економско училиште „Јане Сандански“, раскажа за неговото прекрасно искуство од учеството на оваа манифестација.

Градоначалникот Коњановски, посакувајќи му многу здравје, среќа и успех, го награди младиот Миовски со парична награда во износ од 20.000 денари и икона од Заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*