Home / Вести / Почна асфалтирањето на ул. “Солунска“

Почна асфалтирањето на ул. “Солунска“

Продолжува реконструкцијата на патната инфраструктура во Битола. Денес започна асфалтирањето на улицата „Солунска“ на потегот од Трета реонска до улица „Пецо Божиновски“. Во следната фаза продолжува другиот дел од реконструкцијата до улица „Мирка Гинова“. Со работните активности на терен предвидена е комплетна реконструкција на улица „Солунска“, а оваа фаза вклучува реконструкција на мешовита канализациона мрежа во должина од 554,2 метри, водоводна мрежа во должина од 223,25 метри и реконструкција на коловоз во должина од 566,65 метри. Вкупната вредност на проектот изнесува околу 25.000.000 денари.

Паралелно, продолжува асфалтирањето и во Населбата „Недопирливи“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*