
Како дел од проектот за реконструкција на коловозот, канализацијата и водоводот, денеска во Битола почна реконструкцијата на улицата “ Булевар 1 мај “ , на потегот од улицата „Добривое Радосављевиќ“ до улицата „4 ти Ноември“.

Во првата фаза од реконструкцијата ќе се врши реконструкција на водоводната мрежа во должина од 592 метри, а ќе следува промена и на канализационата мрежа и поставување на нов коловоз на улицата.
Вкупната вредност на проектот изнесува 17.802.287 денари.
Со цел за комплетно завршување и уредување на овој дел на улицата , согласно склучениот договор во март годинава, предвидено е и поставување на ново улично осветлување со 25 нови канделабри на потегот од „Мал Безистен“ до улица „4 Ноември“.
Денеска увид на работите изврши градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
