Идеите, предлозите и предизвиците се нашата заедничка обврска за подобра иднина, сподели денеска на Фејсбук, пратеникот од редовите на владејачката ВМР-ДПМНЕ во Собранието и лидер на Општинскиот комитет, Пеце Милевски.
Тој во неколку наврати истакна дека институцијата пратеник мора да им биде приближена на граѓаните.


„Оваа работна недела по обврските во македонското Собрание ја завршувам со средби со граѓаните во канцеларија на пратениците и на крај со традиционалното кафе на Широк Сокак-напиша Милевски на неговата официјална Фејсбук страница.

Тој додава дека сите сугестии, предлози и забелешки на граѓаните за него како пратеник во републичкото Собрание се особено важни.